7 работи кои ни се случуваат кога ќе престанеме да го конзумираме кофеинот

0
307
Кофеинот, најмногу конзумираниот стимуланс, има свои добри страни како подобро помнење и поголема будност, но од друга страна, слушаме приказни од луѓе кои велат дека одрекувањето од кофеин им го подобрило животот на подобро. Ова се 7 нус-појави кои многу веројатно ќе ги почувствувате ако го исфрлите кофеинот од конзумација.

1. Ќе се чувствувате лошо (некое време)

Подгответе се на тоа дека во првите 7 до 10 дена ќе се чувствувате лошо, што е последица на ускратувањето на кофеин на организмот кој се навикнал на него. Може да чувствувате умор, главоболки и силни промени на расположението. Поради тоа, би било добро да им кажете на луѓето околу себе дека сте се откажале од кофеинот, за да имаат поголемо разбирање кон вашите промени на расположението.

2. Ќе ослабете…

Често не сме ни свесни колку калории внесуваме пиејќи пијалоци кои содржат кофеин. Не е работата во кофеинот, туку во шеќерите кои се додадени во пијалоците кои го содржат овој стимуланс, како газирани пијалоци или некој вид кафе од кафуле, кои се преполни со калоричен сладок крем.

01-bez-coffee5454

3… Или ќе се здебелите

Кофеинот привременого потиснува апетитот, па поради тоа ќе почувствувате поголема глад кога ќе престанете да го пиете. Затоа, најдобар избор е да се пие обично црно кафе без шеќер, затоа што тоа е лишено од состојки кои дебелеат.

4. Подобро ќе спиете и ќе имате повеќе енергија

Сонот може да ви го наруши кофеинот кој сте го внеле во организмот шест часа пред да си легнете. Ќе се разбудите уморнии ќе ви треба уште повеќе кофеин и „магичниот круг“ повторно ќе продолжи. Затоа, луѓето кои воопшто не конзумираат кофеин имаат подлабок и подобар сон и од луѓето кои многу малку внесуваат кофеин. Додека телото ви се навикнува да функционира без кофеин веројатно ќе чувствувате умор, но на долга патека ќе имате повеќе енергија отколку кога сте пиеле кофеин.

5. Ќе бидете посмирени

Кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем и ослободувањето на адреналин, што не` прави нервозни и подложни на стрес. Покрај тоа, ги стеснува крвните садови и со тоа го зголемува крвниот притисок.

kafence

6. Ќе имате поздраво варење на храната

Познато е дека кофеинот во кафето го поттикнува варењето, но поради неговата висока киселост, кафето неретко може да предизвика и пролив. Елиминирањето на кофеин ќе направи многу во спречувањето на итни одења во тоалет.

7. Ќе ви недостасуваат антиоксиданси

Кафето е голем извор на антиоксиданси, елементи важни за работата на целиот организам. Студиите покажале дека кај жените кои пијат кафе постои помал ризик од заболување од рак на дојката и дека пиењето три то пет шолји кафе дневно го намалува ризикот од смрт од срцеви болести за 21%. Зелениот чај е еден од најголемите извори на антиоксиданти, па затоа ако одлучите да се откажете од кафето и да го намалите внесувањето на чај, почнете да јадете повеќе овошје и зеленчук.