66 граѓански организации: Одложете ги изборите или бојкот!

0
122

66 граѓански организации денеска побараа да се одложат изборите закажани за 5 јуни и повикаа на протест во четврток во 18 часот пред Собранието на РМ за да порачаат дека нема услови за фер и демократски избори на овој датум.

„Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни, ниту пак постои време до тој рок да се создадат неопходните услови. Избирачкиот список не е пречистен, не запираат заплашувањата, уцените и притисоците врз граѓаните, функционерите не престануваат со злоупотреба на институциите во интерес на партијата, а медиумите се далеку од правично известување.

Начинот и динамиката со кои во изминатиот период се спроведуваа “реформите” нема да овозможат отстранување на овие недемократски состојби кои се погубни за да се одрази реалната политичка волја на граѓаните.

Наместо повеќе демократија, владеење на право и појасна поделба на власта, ние во изминатиов период бевме сведоци на уназадување на овие процеси преку еднострана и неуставна одлука за одложено распуштање на Собранието, скандалозен чин на овозможување помилување за изборни измани од страна на Уставниот суд и контраверзни одлуки на Кривичниот и Апелациониот суд во врска со истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Граѓани и граѓанки, Македонија ризикува да влезе во нова, поопасна антидемократска провалија при која повторно ќе се фалсификува и силува нашата политичка волја. Поради тоа, избори на петти јуни не смее да се распишат, ниту да се одржат. Собранието на Република Македонија на чело со неговиот Претседател треба веднаш да ја увиди оваа ризична состојба во која се наоѓа државата, итно да се состане и да ги одложи изборите се до исполнувањето минимум неопходни услови за тие да бидат регуларни, чисти и фер. Во спротивно, ако тоа не се случи, не останува ништо друго освен активно да ги бојкотираме криминалните, наместени и однапред украдени избори.

Затоа, Ве повикуваме на протест во четвток (14 април 2016 година) во 18:00 часот пред Собранието на Република Македонија за да им порачаме на Претседателот и на целото Собрание да не се распишуваат избори додека не се исполнат условите за тоа.

Ве повикуваме заедно и гласно да им порачаме на властите, на јавноста и на меѓународната заедница дека граѓаните на Македонија уште во 1991 година избраа демократија и плурализам, а не режим кој ги потиснува правата и слободите на граѓаните.“, се вели во соопштението од граѓанската иницијативata потпишана од:
01. Агро Баница – Баница, Струмица
02. Агро Струмешница – Дабиле, Струмица
03. Агросојуз – Василево
04. Акција плус – Ресен
05. Граѓанска иницијатива АРСЕНА – Гевгелија
06. Граѓанска иницијатива ГО САКАМ ГТЦ – Скопје
07. Есперанца – Светски културен центар – Скопје
08. Женски форум – Тетово
09. Здружение Глобал – Битола
10. Здружение за ДЕМОКРАТИЈА, ДЕБАТА, ДИЈАЛОГ, ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – ПЛАН

11. Здружение за заштита на граѓанските права Но Пасаран Скопје
12. Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА
41/21 – Ресен
13. Здружение за култура и уметност “Сцена”
14. Здружение за млади АДОЛУС – Струмица
15. Здружение за млади, човекови права и демократија УФУК
16. Здружение за развој и активизам АКВА – Струга
17. Здружение Избор – Струмица
18. Здружение Интернет Хотлајн Провајдер Македонија
19. Здружение на граѓани “Патокази” – Гевгелија
20. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.
– Скопје
21. Здружение на граѓани на текстилните и кожарските работници Тивко
Мнозинство – Штип
22. Здружение на граѓани Член 16
23. Здружение НОВУС – Струмица
24. Иницијатива за спас на паркот 8 Ноември – Штип
25. Иницијативен глас – Прилеп
26. Јадро – асоцијација на независната културна сцена
27. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните
заедници” – Скопје
28. Коалиција за одржлив развој (КОР)
29. Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија,
социо-културен активизам и современи културни практики
30. КХАМ – Делчево
31. ЛГБТИ Центар за поддршка
32. Македонски центар за европско образование
33. Метаморфозис, Фондација за интернет и општество
34. Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ
35. НВО Инфоцентар
36. Организација на жени – Струмица
37. Осми септември
38. Платформа за граѓанска политика “Ајде!”
39. Плоштад Слобода
40. Прогрес – институт за социјална демократија
41. ПРОЕКТ-ЕУ – Кавадарци
42. ПРОФИЦИО- мултиетничка толеранција преку економски просперитет
43. Радика-ДЕ – Дебар
44. Регионален центар за одржлив развој – Кратово
45. Ромски едукативен центар “Амбрела” – Скопје
46. Сојуз на борците на Македонија
47. Сојуз синдикат на земјоделски производители – Струмица
48. Транспарентност Македонија
49. Турско здружение YENI YILDIZ TURK DERNEĞI
50. Фондација за локален развој и демократија „Фокус” – Велес
51. Фондација Отворено општество – Македонија
52. Форум – центар за стратегиски истражувања и документација
53. ФРУ – Факултет за работи што не се учат / АКТО
54. Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
55. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
56. Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелегенција
АНГЛУНИПЕ – Тетово
57. ЦДРИМ – Центар за демократски развој и иницијатива
58. Центар за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце
59. Центар за истражување и развој на општеството ВИЗИО 2014
60. Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци – Скопје
61. Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар
62. Центар за современи уметности
63. Центар за стратегии и развој ПАКТИС – Прилеп
64. ЏЕФ Македонија (Млади европски федералисти)
65. Tribunus Civilis – Симболички суд на правдата на цивилното општество
66. Vox Academica