Заев: Тачи очигледно не бил во државава и не знае што се случува тука

0
2072

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со Јоханес Хан кажа дека еврокомесарот бара што побрзо да се формира влада, пренесе А1он.

Тој кажа дека има позитивен став за платформата на Албанците, но конечниот став ќе го кажат откако ќе го добијат мандатот.

Заев рече дека Али Ахмети досега лично не му побарал никакви писмени материјали, односно пишан документ за прифаќање на платформата, но ако сепак решил да го бара тоа истото и ќе го добие.

Според лидерот на СДСМ, тој е подготвен да разговара со сите партии на Албанците откако ќе го добие мандатот, но сепак нагласи дека има и некои црвени линии.

На прашање дали знае за тоа што Мендух Тачи кажа дек Ахмети и Груевски договориле влада но ја одолговлекуваат работата, Заев рече дека очигледно Тачи цел месец не бил во државата и не знае што се случувао тука.