Адвокатите на Заев: Јавен обвинител со истечен мандат нема легитимитет да застапува обвинение

0
1972

Според одлуката на Советот, што ја приложија адвокатите, Милошевски бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.

– Имаме ситуација во која обвинител нема овластувања да презема какви било дејства во име на ОЈО за организиран криминал и корупција и не може да застапува обвиненија на ова обвинителество – рече адвокатот на Заев, Филип Медарски.

На ова, Милошевски пред судот изјави дека предметот го застапува ОЈО за организиран криминал и корупција, а со оглед дека предметот му е даден и е присутен на рочиштето, тој може да го застапува.

Адвокатот на Заев, Јаким Неделков, од судот побара да се изјасни и да донесе решение дали ќе му дозволи на јавен обвинител со истечен мандат и без легитимитет да застапува обвинение. По ова судијката Дијана Груевска-Илиевска даде пауза од 10 минути и се повлече со членовите на судечкиот совет за да донесат одлука по наводите на одбраната на Заев.

Извор : Мета