5 СУПЕРНАМИРНИЦИ: Вклучете ги во исхраната

0
1390

Вклучете ги овие тренди-намирници во своето дневно мени и уживајте во целосно нови комбинации на вкусови. Извлечете го максимумот од нутритивните состојки што ги содржат!

mungo

МУНГО ГРАВ

Има способност да го запре растот на тумори, благодарение на високото ниво аминокиселини, олигосахариди и полифеноли, кои поседуваат силна антиоксидантна моќ. Овие исклучително хранливи зрнца се богати со протеини и со растителни влакна, па се мошне ефикасни во намалување на телесната тежина. Добар извор на калиум се, кој заедно со високиот процент на растителни влакна дава одлични резултати во регулацијата на крвниот притисок. Мунго-гравот е богат со минерали, меѓу кои се истакнува железото, па затоа е добра замена за месо во исхраната на вегетаријанците.

Како се користи: Мунго-гавот брзо се вари, па за кратко време можете да добиете многу вкусно главно јадење. Никулците (се варат пред употреба!) со својот сладникав вкус им даваат посебна нота на кашестите сокови, а во комбинација со јогурт ги збогатуваат салатите од свежо овошје и зеленчук.

sirak

СИРАК

Безглутенска житарка со потекло од Индија и од Африка, која кај нас главно се користи како храна за стока. Земајќи ги предвид нејзините корисни својства за здравјето, се препорачува и во исхраната на човекот (одлична замена за пченка и за ориз). Сирак е еден од најбогатите извори на растителни влакна. Спречува артритис и остеопороза.

Како се користи: Има неутрален вкус и од неа можете да направите каша, главно јадење или да замесите леб, печиво и колачи.

kokosova voda

КОКОСОВА ВОДА

Многу сериозен конкурент на изотоничните (спортски) напивки. Содржи природен шеќер, поголемо количество калиум, а помалку натриум и многу поефикасно го рехидрира организмот по долга физичка активност. За разлика од кокосовото млеко, кокосовата вода има значително поголем процент вода, а помалку масти, па содржи малку калории (околу 40 kcal/200мл) и холестерол, а дури 4 пати повеќе калиум од банана. Покажува одлични резултати во борбата со мамурлакот.

Како се користи: Како самостојна напивка, а нејзиниот сладникав вкус ги надополнува другите намирници, па може да се користи при правење кашести сокови (смути), како додаток во главно јадење (во комбинација со пилешко месо, риба или со морски плодови) или со јогурт. Можете да направите едноставна промена во вашиот кафе-ритуал: растворете 1 лажиче инстант-кафе во ½ шолја топла вода, додајте 2 лажици млеко и ½ шолја кокосова вода.

tef

ТЕФ

Житарка што расте во Етиопија и содржи големи количества калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и дури 8 аминокиселини. Исклучителен извор на енергија е, го заштитува здравјето на коските и го продолжува чувството на ситост, а побогат е со хранливи материи од пченицата, не содржи глутен и има низок гликемиски индекс.

Како се користи: Зрното теф се меле (брашно), се користи сурово (во смути) или варено: 1 шолја теф се прелива со 3 шолји врела вода и се остава да зоврие. Температурата се намалува и се продолжува со варење околу 20 минути (додека ја впие водата). Кашата можете да ја комбинирате со зеленчук, сирење или со јогурт.

dajkon

ДАЈКОН

Дајконот има вкус поблаг од домашните ’рдокви, па идеален е за грицкање. Богат е со вит. Ц, бетакаротен, калциум и со железо. Исклучителен е во чистење на организмот – ги снижува холестеролот и триглицеридите, го олеснува варењето на мастите и ја стимулира работата на жолчката.

Како је користи: Главно се консумира свеж, самостојно или како додаток во салати. Поради неутралните вкус, одлично се согласува со други видови зеленчук, но и со овошје, што е причина за негово често присуство во голем број слатки (во комбинација со јогурт, во мус, смути, колачи…), а особено е застапен во азиската кујна.