Откако откри дека сретнала судијка-кандидат за Стразбур, како излегува од штаб на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа закани за адвокатката Чадиева: Ако видите некоја жена со гипс на главата, рацете и нозете на протестиве да знаете дека сум ЈАС!

0
2048

Еве и до мене стигнаа заканите. Ќе ме унаказеле, ќе ми ги скршеле двете нозе, раце, носот ќе ми бил пукнат, а фацата унаказена. Епа бандо од ДПМНЕ, како Ви успева со секој потег да ми дадете мотив плус за делување против овој режим на секој можен начин?! Со последнава закана исто, како што велат далматинците на сињска алка “право у сриду”… Нема да ме исплашите, доаѓаат убави времиња. А Вие останатите, драги мои истомисленици, ако видите некоја жена со гипс на главата, рацете и нозете на протестиве да знаете дека сум ЈАС:) Се гледаме ! ‪#‎NEMAPRAVDANEMAMIR‬
Фејсбук статус Даница Чадиева


Ови закани до адвокатката Даница Чадиева, доѓаат по нејзиното гостување во емисијата Топ тема на Телма каде откри дека сосема случајно сретнала судијка, која е еден од кандидатите за судија во Судот за човекови права во Стразбур, како излегува од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

– Листата на кандидати во Стразбур е само уште еден доказ колку е партизирано ова судство. Јас ќе кажам јавно дека една од кандидатите кои се предложени за судот во Стразбур, е моја колешка, судијка, која ја сретнав, сосема случајно, како излегува од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар. Се сретнавме и ми се обрати со зборовите „Молим те, не кажувај“. Тоа е еден од основите за разрешување на судија. Играат тефтерчињата, мислам дека Стразбур има таква можност да ги одбие тие предлози – рече Чадиева.