3.000 евра собрани на хуманитарната изложба за поплавените подрачја

0
140

Уметниците и дизајнерите собраа 178.425 денари, односно 2.925 евра на хуманитарната изложба која вчера вечерта се одржа во кафулето „Концепт 37“, објавија организаторите на акцијата.

На изложбата се продаваа слики, фотографии, книги, цртежи, накит, модни креации, а продажбата продолжува и денеска.

Средствата ќе бидат наменети за помош на граѓаните од поплавените подрачја.

Повеќе информации на Фејсбук настанот на следниот линк.