3 совети за паметно пазарување хранливи продукти

0
320

1.Внимателно избирајте ги намирниците – при купување, избирајте цврсти и здрави плодови, со соодветен степен на зрелост. Почесто консумирајте органски производи, но внимавајте навистина да бидат органски.

2. Внимавајте на големината на порцијата: на пример, 40-годишна жена која секојдневно се занимава со лесна физичка работа не треба да консумира повеќе од 170 г житарки, 2-3 шолји зеленчук, 3 шолји млеко, 150 г месо или мешунки (грав, леќа), 5 лажички масло, со минимални количества дополнителни шеќери.

3. Не верувајте слепо во ознаките „100% природно”, „без конзерванси”, „свежо” и сл., бидејќи најчесто се маркетиншки трикови што ги користат производителите за да се разликуваат од другите и на тој начин да го унапредат својот бизнис. Ако внимателно го прочитате пописот на состојките на производот, ќе забележите дека често содржат додатоци добиени по хемиски пат.