СДСМ ја бара на увид дипломата на Бонева за да биде член на ДИК!

0
1959

СДСМ и коалицијата денес поднесоа барање до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во однос на новиот член на Државната изборна комисија, Силвана Бонева.

„Во најкус  можен рок барамe  да ни биде овозможен пристап кон оригиналната   Диплома и  Уверение за завршен VII степен стручна подготовка на избраниот член на Државната изборна комисија, Силвана Бонева.

Исто така бараме  увид на документацијата  за должината на нејзиното работно искуство по дипломирањето кое е еден од  основните елементи  за кандидирање и избор на Силвана Бонева  на позицијата член на Државната изборна комисија“, стои во барањето.

dok1-670x547