Анонимуси влегоа во војна со ИД, збришаа 5.500 Твитер налози на исламисти

0
2375

Хакерската група Анонимуси соопштија дека по „војната“ која им ја објавија на исламистите по нападите во Париз, до сега урнале 5.500 нивни налози на Твитер.

Благодарение на способните хакери кои ги имаме ширум светот, успеавме да ги стресеме припадниците на Исламската држава, велат Анонимуси.

Алекс Поучер, портпаролот на Анонимуси, за Раша тудеј изјавил дека оваа група нема мирно да седи и да го гледа теророт кој го шират исламистите. На прашањето што ако исламистите им возвратат, тој одговорил „Немаат тие толку добрио хакери, како што имаме ние.“

За потсетување по терористичките напади во Париз, Анонимуси објавија видео со кое најавија дека ја покренуваат досега најголемата акција, а со порака „Очекувајте нè“.