24 Вести се сели во нова зграда и подготвува збогатена програмска шема

0
309

Телевизијата 24 Вести, од денеска се сели во нова зграда, која се наоѓа на самиот влез на комплексот на “Годел”. Како што информираат од телевизијата, медиумот за прв пат се сели во сопствен објект, а целосно е обновена и техниката со што 24 Вести станува еден од најсовремените и најдобро опремените медиуми во земјата.

Вечерва во 17 часот во дневникот ќе биде и телевиската промоција на новите студија и новиот концепт. Паралелно со новите простории во медиумот се работи и за ангажирање на нови новинари и технички персонал со што ќе треба да се задоволат потребите за збогатената програмска шема.

Од 24 Вести велат дека и овие промени не значат дека медиумот запира со инвестициите, напротив, носени од високата доверба на гледачите и солидната гледаност телевизијата има намера да стане водечки информативен медиум во земјата. Од неодамна во 24 Вести почна да работи и нов раководен тим, олицетворен преку искусните телевизиски професионалци Младен Чадиковски како главен уредник и Нехру Хоџа како главен продуцент.