Не се сите лидери еднакво одговорни

0
1698

Еврокомесарот Хан и Џес Бејли изјавувааат дека се разочарани од тоа што не бил постигнат договор меѓу лидерите за спроведување на договорот од Пржино. Хан додава дека тие (ЕУ и САД)можеле да помогнат но се зависело на крајот од волјата на лидерите во земјава.

Но, до сега видовме дека ако нешто зависи од волјата на Груевски и од неговите партиски инсталации на сите нивоа и во сите органи, овој договор никогаш нема да биде спроведен.

Оттука не е чесно да се говори за еднаква одговорност на сите политички лидери во овие преговори.

ЕУ, САД и Питер Ван Хоуте, до сега секогаш на крајот, по мачните фази од преговорите, излегуваа со некој нивни предлог што го ставаа на маса пред преговарачите. Тие нивни предлози главно не ги прифаќаше тимот на Груевски додека не беа употребени веројатно дополнителни средства за притисок врз него. Во секоја наредна фаза се случува истото и Груевски најарогантно со своето однесување им порачува дека не го интересираат ниту рокови ниту последиците по земјава.

Оттука Ван Хаоуте беше во право кога рече дека е добро што доаѓа Хан во Македонија за да се увери самиот „со кого имаме работа„. Во исто време пак, Груевски јавно тврдеше дека нема потреба од доаѓање на Хан во Македонија бидејќи според него „веќе била завршена работата„.

Но, се додека ЕУ и САД подеднакво ја распределуваат вината кај сите лидери на партиите и не кажат јавно, како што во една прилика рече Ван Хоуте дека „една од најголемите партии„ го кочи Договорот, нема да има напредок. Овој пат можеби треба да се посочи лично и името на лидерот на таа партија и да му се соопшти кои последици од непочитувањето на Договорот лично може да ги има а не постојано да се говори дека „ако тој не го почитува договорот„ ќе страда цела Македонија. Тоа едноставно не е фер. И на треба да се дозволи, ниту треба да се согласиме. Груевски едноставно предизвикува и посакува конфликт а не договор. Тој сака да ја докажува немоќта на ЕУ и на САД во услови на вакви авторитарни режими каков што воспостави тој во Македонија.

Пишува : проф. д-р Ѓорѓи Спасов Универзитетски професор, екс министер во влади на СДСМ

Фејсбук статус