Македонија се обедини… да ги избрка оние кои бараат спас од масакрите во Сирија, Ирак, Либија…

0
1883

Гаден ден денеска. Да повратиш, исто како да имаш стомачен вирус, а немаш. Фрчат партиски соопштенија, на фејсбук сите аплаудираат, и левичари и десничари и либерали, сите честитаат кон владата, направила голема работа, пратила восјка и полиција со шок бомби кон сиротите гревови од Сирија, Ирак и Либија кои чекаат да влезат на нашата јужна граница. Било ова голем стратешки потег на македонската влада, патриотски било и одговорно. Во исто време се урла по ЕУ, каде била таа да ни го реши проблемот…

sashe-ivanovski

Што ви е бре луѓе?! Па тие не идат за да останат тука кај нас, тие одат за западна Европа, таа кај што ги пречекува па и да ги носи ли сама до таму?! Па вие луди ли сте?! Ние не сакаме ниту да ги пуштиме да поминат низ наша територија па урламе по ЕУ зошто не ни помогнала со бегалциве… А шо да ни помогнат, ние се истргнавме со нив нели? Ги покрадовме ги испотепавме, се сами си платија, им направивме само едно трло на граница за да легнат како стока да не им капе во шија, па сега почнаа некои да го пуштаат она несреќно фашистичко видео на Борис Трајковски кога бара од Шведска сто авиони за да ги пренеле Албанците бегалци од Косово директно во Шведска, иако они сепак таму и завршија на крај, покрај Швајцарија, Германија, Австрија и Италија…

Замислете, целата оваа фрка само за да поминат сиротите луѓе низ наша територија. Замислете да сакаа да останат тука луѓево?! Па имаше бре да има крв до колена, што стана бре со мирното Македонче, добродушно, фино, блажено, со полна душа да помогне на сите, хумано, праведно итн итн?! Тоа е тоа, пукна митот за Македонија рајот на земјата која сака да помага на луѓе во невоља, ништо од тој филм, ние сме си исти клети расипани Балканци како и сите други околу нас, клето племе полно со предрасуди себичност расипаност омраза злоба и пакост до бесвест!

А и ние сме бегале како народ. Па не примиле по цел свет, имаме уште најмалку еден милион Македонци низ цел свет па добро би требало да знаеме колку боли кога бегаш и кога спасуваш жива глава и кога бараш парче леб и место под сонцето каде ќе можеш да се реализираш како човек, ма какво бре реализирање, чисто да опстанеш да работиш и да имаш да јадеш и да не одиш со гол газ и да имаш покрив над глава, за тоа бегале нашите со векови и ден денеска по цел свет!

И брат ми е во Англија веќе 10 години. И јас сум бегал во САД каде живеев три години, знам какво е тоа чувство. Паднавме на испитот дечки, тотално паднавме, се посрамотивме, во сите нас лежело едно мало Хитлерче…

Пишува : Саше Ивановски, уредник на порталот Мактел