18 наслови за доаѓањето на Реал и Манчестер кои ќе се разочараме ако ги нема по порталите

0
572

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид пристигнаа во Скопје за да го одиграат финалето на Суперкупот! Фудбалски спектакл кој ќе остане запаметен долго поради тоа што сте биле на него или поради тоа што не сте добиле карти за истиот иако сте заслужувале повеќе од тие што добиле. Нормално овој настан на деценијата ако не и на подолго ќе биде нашироко пренесуван од нашите портали. Еве кои наслови ги очекуваме од нив.

СЛЕДУВА ДОБА НА БЛАГОСОСТОЈБА И БЕРИЌЕТ:

Иницијалите на Зинедин Зидан се ЗЗ што ако го претвориме во бројка е еднакво на бројот колку пати Македонија е спомната во Библијата!

РОНАЛДО ЌЕ СТАНЕ МАКЕДОНСКИ ЗЕТ? ПОЗНАТАТА ДРАЧЕВСКА СТАРЛЕТА МИРЈАНА ГО ВИДЕ РОНАЛДО НА ТЕЛЕВИЗИЈА И ТВРДИ ДЕКА СЕ ЗАЉУБЕНИ! (ФОТО + ИНТЕРВЈУ СО ИДНАТА СОПРУГА НА РОНАЛДО)

ИГРАЧИТЕ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И РЕАЛ МАДРИД СЛОЖНИ – ТАВЧЕ ГРАВЧЕ Е НАЈВКУСНОТО ЈАДЕЊЕ НА СВЕТОТ

РОНАЛДО ДИШЕШЕ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ ВОЗДУХ (ФОТО + ВИДЕО + АУДИО ОД ДИШЕЊЕТО)

ВАКА СЕ САКА МАКЕДОНИЈА

: Анонимен екс премиер сечел лента пред секоја врата во хотелот на играчите

ДАЛИ ОВА Е НАЈМЛАДИОТ НАВИВАЧ НА РЕАЛ ВО МАКЕДОНИЈА?

(Фото од бебе кое таткото го облекол во дрес од Реал иако е јасно дека бебето нема спознанија за тоа дека Реал Мадрид постои, каде се наоѓа, кој игра во Реал, а нема ни доволно речник за да навива за Реал)

ТЕЖОК УДАР ЗА ГРЧКАТА ДИПЛОМАТИЈА И ВООПШТО ЗА ГРЧКАТА ДРЖАВА: ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАНЧЕСТЕР СЛОЖНО ПОРАЧАА – МАКЕДОНИЈА НЕ фиром

e55f61408489f85a70411babe3646072

Фудбалерите во вториот ред покажуваат уште колку фалат дела за Македонија да е цела

РОМАНТИЧЕН ЧИН НА МЛАДИОТ МИРКО ОД РЕСЕН:

Ја побара за сопруга на фудбалскиот натпревар, се надева дека Роналдо ќе му е кум!

РОМАНТИЧЕН ЧИН НА РАДОВАН ОД ТУРИЈА:

И ги подаде документите за развод на сопругата со која е во брак 17 години на финалето на Суперкупот!

АНЕГДОТИ НА КЕЛНЕРИТЕ КОИ ГИ СЛУЖЕЛЕ ФУДБАЛЕРИТЕ:

Погба на шега порача пиво, па потоа се насмеа и рече „Вода сакам, во карантин сум“ по што двајца од персоналот не ја прживеаа шегата (ФОТО И ПОСМРТНИЦИ)

ГРЦИЈА ВО ТОТАЛЕН РАСПАД: И РЕАЛ МАДРИД РЕЧЕ НЕ НА СРАМНАТА РЕФЕРЕНЦА фиром И ЕДНО ГОЛЕМО ДА ЗА МАКЕДОНИЈА!

c79622f9f3c063c1bd9d3f8e69ef3837

Патриотско здружение Хуан Калос Трети

ЗАЕВ СЕ СЛИКАШЕ СО ТИМОТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

: „Црвените Ѓаволи ја поддржаа новата реформска влада и напорите за редовно исплаќање на субвенциите на сточарите, а го пофалија и договорот со Бугарија“ вели Заев.

ГРУЕВСКИ СЕ СЛИКАШЕ СО ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД:

„Манчестерци се свесни за квинслиншкото работење на оваа влада, побаара што поскоро да има нови избори, изразија сомнеж за работата на СЈО“ истакна Груевски

ЕКСКЛУЗИВНО – РОНАЛДО ШЕТА ВО ХОТЕЛОТ

! (веста е реална :'( )

f84433994ce9f847cb4ea9a9ae846c1e

На таа плата требаше да почне да лебди низ хотелот

БЕЈЛ ЗАЉУБЕН ВО МАКЕДОНКА? КЛИКНЕТЕ И ДОЗНАЈТЕ ДЕКА НЕ Е!

ЦРВЕНИ ЃАВОЛИ ВО СКОПЈЕ: УПАТСТВО ОД МПЦ КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО НИВ (ПДФ 374 СТРАН

ЌЕ ВИ СЕ ЗАМАТИ УМОТ! СЕКСИ КРИВОПАЛАНЧАНКА САМО СО ДРЕС И ЗБОРОВИТЕ “GGMU“ ИМ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД ОСТРОВОТ

(Фото материјал на кој мастурбира уредникот преземен од Фејсбук профилот на дотичната)

Извор : Мојо.Мк

СПОДЕЛИ