18 вработувања на синови, ќерки, мајки, сестри и браќа на тапет во Антикорупциската комисија

0
283

Антикорупционерите ќе ги истражуваат вработувањата и унапредувањата на роднините на пратеничката Мира Стојчевски, кој стана позната како Мира Дизел откако јавнсота дозна за високите суми кои ги зема како надомест за патни трошоци.

Потоа вработувањето на ќерката на спикерот Талат Џафери, Бесија Џафери во ЕЛЕМ, на Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Неготино, за сестрата на министерот за култура Асаф Адеми вработена во ЕЛЕМ.

Отворен е предмет и за синот на пратеникот Горан Мисовски, за мајката на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ, за сестрата на министерот за економија, Крешник Бектеши вработен во МЕПСО, за вработувањето на сопругата на градоначалникот на општина Берово, за сестрата на пратеникот Александар Кирацовски, синот на пратеничката Милева Ѓорѓиева, за работното место на сопругата пратеникот Зекир Рамчиловиќ, ќерката на пратеничката Емилија Александрова, внуката на градоначалникот на општина Прилеп, за сопругот на државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска.

Претседателката на Антикорупциска вели имаат рок од 60 дена да донесат одлука по предметите, потоа ќе дадат препорака како да се постапи.