Вицепремиер УЛИЧАР!

0
1739

Тажен крај за еден некогаш супер успешен бизнисмен, вицепремиерот Владимир Пешевски. Неговото вистинско лице чинам го видовме сите денеска како во стилот на УЛИЧАР во строгиот центар на Скопје, пред неговото кафуле, тепа, еве нека не биде новинар туку граѓанин.

aco-kabranov

нимката од неговото крајно недолично и со закон казниво однесување ме вџаши. Ова ли се нашите функционери, каде го има ова, каде шетаниот министер со двојно државјанство чинам дека е, научил дека ако ти пријде некој и љубезно те праша ти да се свртиш и да му удараш тупаници и клоци.

Ало премиере во заминување, го виде ли ти ова, го виде ли твојот министер како пред очите на куп граѓани се тепа. Пастиру мислам дека ако Пешевски сам не се сети да ти ковертира оставка после ова,ти за да го зачуваш образот на твојата влада,би требело сам да му дадеш отказ.

Многумина спорат дали бил или не Саше Ивановски новинар, дали е налудничав или не и слични нешта. Многумина го оспоруваат, но во синоќешниот инцидент пред резиденцијата на Орав, новинарот Сарма и денеска вицепремиерот Пешевски беа ТЕПАЧИТЕ.

Што има лошо или нелегитимно што Саше го прашуваше премиерот, та внесе толку нервоза во редовите на власта и нивните медиумски труби. Еве и да е обичен граѓанин, Пешевски е платен од нашиот џеб, не смее ли никој да го праша што мисли за договорот за специјален обвинител околу опозициските бомби во кој го има и него. Нормален човек, кој држи до себе мислам ќе одговори со збор, НИКАКО СО ТУПАНИЦИ и КЛОЦИ, па дури да е и тоа еден ВИЦЕПРЕМИЕР.

Неговата политичка судбина од денеска напладне без разлика како тој самиот или премиерот ке го решат ова, тврдам дека е свесен дека е ЗАПЕЧАТЕНА. Оставката само малку би му го испрала образот кој самиот си го извалка и се спушти на ниво на Сарми, јади буреци и слични типчиња.

Мислам дека вицепремиерот сега е легитимен само во неговото кафуле Пастел пред кое го натепа Саше. И така тој како вицепремиер ако сте помнувале таму, повеќе ќе сте го виделе во кафулето отколку во вицепремиерскиот кабинет.

Пешевски жалам навистина, ама од денеска вие сте само газда на кафулето Пастел, без разлика дали ке седите или не во вицепремиерската фотеља.

Извор: Либертас