17 ГОДИНИ НЕПРЕБОЛ ОД УБИСТВОТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ МЕСТОТО КАРПАЛАК

0
202

Во предвечерието на најтрагичниот настан од современата историја на Прилеп,убиството на 10-те мина прилепски бранители,членови на резервниот состав на АРМ, што се случи на 08.08.2001. кај месноста Карпалак на патот Скопје-Прилеп, вечерва во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и во селото Лениште се одржа традиционалното одбележување.

Почит на загинатите бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски  им оддадоа и свежи цвеќиња положија пред двете спомен обележја во касарната „Мирче Ацев“, градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски, претставници на Општина Прилеп, претставници од Владата на РМ, од АРМ,најблиските од семејствата на загинатите бранители, здруженија на бранители и граѓани.

Делегациите ја посетија и Спомен собата во касарната, каде што се изложени фотографии од трагичниот настан.Потоа положија свежи цвеќињаи пред спомен плочата во село Лениште,а го посетија традиционално иманастирот „Света Петка“ изграден во годините по убиството, со големи заложби на преживеаните бранители.

Градоначалникот Јованоски, истакна дека за најблиските од семејствата на загинатите бранители, за оние на коишто им е потребна помош, Општина Прилеп ќе го даде својот придонес за решавање на приоритетните проблеми.

„Наша должност е да им излеземе пресрет на семејствата на овие прилепски бранители што го дадоа животот во 2001 година. Имав средба со семејствата на загинатите и мојата заложба е да им се помогне, колку што може и каде има потреба“, изјави градоначалникот Јованоски.

Секое чествување на делото и огромната жртва на бранителите, кои што ги положија своите животи на браникот на слободата и иднината на својата земја, ги бранува срцата на преживеаните резервисти. Меѓу нив е Ацо Јованоски викан Реган, возачот на автобусот, којштобеше пеплосан на местото на убиството. И денеска сеќавајќи се на тие претешки мигови во својот живот, вели дека ни по 17 години, не запира неговата болка и тага за своитесоборци. Тој низ солзи и овој пат, раскажува за кобното осмо августовско утро.

„И по 17 години живее болката и тагата по нашите прилепски бранители. Нашите барања не се исполнети во целост. Нашето најголемо барање беше да се изгради споменик на местото, каде што се случи убиството,на ивичникот покрај патот, на Карпалак. Многу работи се уште не се решени“, вели возачот Јованоски.

Според претставникот на Владата, Стојанче Ангелов,убиството кај Карпалак е најужасниот настан во 2001-та..

„Се работеше за едно од најкрвавите заседи во кои животите ги загубија македонските бранители од Прилеп. Со амнестијата од 2001 е затворено прашањето за одговорност, така да илузорно е да разговараме околу истрагата и за тоа кои се извршителите. Сега по 17 години треба да гледаме кон иднината. На Балканот и во голем број земји има многу непријатели, но сега токму тие држави градат добрососедски односи и одат напред“, порача Стојанче Ангелов, национален координатор за македонските бранители во Владата на РМ.