11 видови на лујџе шо ги има на секоја Новогодишна забава

0
1421

1. Намчор

Не се забавува и ги осудува другите шо си врва убо. Музиката му е прегласна, пијачката му е помешана со вода, има  и промаја од шо се отвора вратата за лујџето да излеза надвор да испуша по некоја цигара, жешко е, ептен ладно е, многу светло е, ептен темно е…

2. Менаџер на кафич

То е та нојч шо ја чека цела година и мора да е на ниво на задача. Тро појче се напил од шо треба за да се опушти па станува и диџеј и келнер и шанкер

3. Пијани тинејџерки

Масата му е празна зато шо се или на скали или пред кафич кај шо една плачи и че си сечи вени за симпатијата

4. Пијаните тинејџери

И тие се надвор ама од друга причина. Некој од друштвото мислел дека можи да испија литар вотка арно ама сите се надвор да му помогна да ја поврати пијачката т.е. вотката или штокчето. Сите го сликаат и се зафркаваат а само еден се обидува да му помогни. Нова година цела тајфа че ја дочека на чистење на желудник.

5. Парови

Си крцкаат вино во нормални количини од чаши наменети баш за то вино (прочитале на интернет за кое вино со каква чаша се пија и то е то). Знаат само дека со то вино какво мезе оди. Не пра муабет мејџу себе зато што тајно се мразат.

6. Вампири и вештерки

nova-godina

Заживеале после 12 ко че се сврти на српско и турбофолкерај. Шо значи дека после три можи да се најда на маса, на таван, на бина… Секаде кај шо чоек нема да ги посади че никна.

7. Металец шо сака да се вклопи

Друштвото го зафркава за музиката па решил кутрио да се вклопи и убо да си помини барем една вечер на српско и турбофолк. Се препознава по несинхрозинираните покрети и погрешнио тајминг во кревање на рацете на песните на Цеца, Шако Полумента и други. Го тупи ептен ама убо си поминува.

8. Друштво шо е вкафич зато шо на една од другарките и се бендисувал диџејот или некој друг од групата

Цела вечер слушале колку бил убав и прекрасен и срце. Си ода во 1 среќни шо завршило мачењето

9. „Брат, те поштовам ко брат“ тип на лујџе

Во него има тешка литаржа на промили во крфта така шо можи да се постави во рубриката “Верувале или не“ и обично е вработен во јавна администрација или е правник. Ги поштова сите иако трезен не иму прај муабет или ете случајно во гужвата па тие шо ги “поштова” не ги видел.

10. Пијан Казанова ,,Песнава ме погоди”

Со алкохолот собрал храброст и му се пушта на сите женски во кафичо демек песната го погодила. Му пушта пијачки на сите маси иако со картата има бесплатен пијалок. Другарите че го однеса дома во два камен и че го дупча до 1-ви април во новата година.

11. Пар шо се смувал

И та е мортус пијана и тој е мортус пијан. Се лапале цела вечер во некој чош се дури некој од нив не заспал над џакетчињата. И на крај нема да се зема.