1.200 затвореници во „Идризово“ се борат со жештините со неограничено туширање, на Кочан од стрес му се качил притисокот

0
1138

Во затворот „Идризово“, каде деновиве на 40 степени Целзиусови има 1.200 затвореници, во текот на денешниот ден двапати била повикана Итна помош поради паднат или покачен крвен притисок кај некои затвореници.

Директорот на затворот Боби Мојсоски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека поради екстремно високите температури во затворот постојано се вршат медицински контроли, дежурен лекар има, а на затворениците во отвореното и полуотвореното одделение им е дозволено да се тушираат и разладуваат кога сакаат и колку сакаат. Нема ограничувања вели ни за осудените лица од затвореното одделение, кои се организирани со свој интерен режим.

Прашан за состојбата на најновиот затвореник Сеад Кочан, кој пред полноќ на 1 август стражарно беше донесен во „Идризово“ од болницата „Систина“, Мојсоски вели дека Кочан, како и сите осудени лица на затворска казна кои првпат влегуваат во затвор, доживеал стрес