1ТВ и БМЈ Медиа Груп ги носат светските модни брендови во Скопје

0
2009

БМЈ Медиа Груп и 1ТВ за прв пат ги носат првите луѓе на Gucci, Dior, Versace, YSL и Givenchy во Скопје. Ова ќе биде настан кој дефинитивно ќе ги помести модните стандарди во Македонија и ќе ја размрда модната сцена.

Веста ексклузивно ја потврди сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски со фотографија на својот Инстаграм профил.

Станува збор за модна конференција на која преку тродневни панел дискусии и вечерни дружења ќе се разменуваат искуства и идеи за модната индустрија денес.

 

 

 

 

 

Gucci низ светот брои 550 продавници, Dior 210, YSL 184, додека за Versace и Givenchy нема конкретна бројка, но вредноста на Givenchy според последните информации e 200 милиони долари, во однос на Versace кој за 40 години постоење постигна вредност од 1 милијарда долари.

Дефинитивно, Скопје за помалку од месец и половина, ќе биде светска модна метропола.