Џафери: За секој час пауза, продолжение по 18 часот

0
1318

По редовната пауза, денешната седница на Собранието не започна, туку спикерот Талат Џафери даде нова пауза од еден час, до 16.15 часот, на барање на координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Илијоски.

Пред паузата, Џафери, обраќајќи им се на  пратениците и на јавноста рече дека нема да коментира која е намерата со честото прекинување на сендицата со барања за паузи и ќе остави јавноста да го процени тоа.

-За да не се сфати дека си правиме сопки едни на други, ние договоривме како ќе се одвиваат седниците. За секој час побарана пауза, ќе ја продолжувам седницата за еден час после 18 часот, рече Џафери.

На забелешката дека паузите се потребни за работа на собраниските комисии, Џафери рече дека во тој случај, за да не се губи време, може да се повика на член 78 став 2 од Деловникот, да ја прекине дебатата по таа точка за да можат комисиите да работат и да се премине на следната точка.

Пратениците на денешното продолжение расправаат по четвртата точка на дневен ред за предлогот на одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, која започна уште минатата недела, а дебата е прекинувана со чести паузи на барање на 10 пратенички групи на ВМР ДПМНЕ. Следна точка на дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Извор : НоваТВ