ЌОСИЊАТА ГО ОФАРБАА СЕДИШТЕТО НА ВМРО ДПМНЕ ЛУТИ ЗАТОА ШТО НЕ ГИ ПОДРЖАА ПРОТЕСТИТЕ ЗА ИМЕТО, ВМРО ДПМНЕ ГО ОБВИНУВА СДСМ ЗА ДА ЌАРИ ПОЕНИ?!

0
1595

Ќосињата му се одмаздија на ВМРО ДПМНЕ затоа што партијата не ги поддржа протестите пред собрание за името, но ВМРО ДПМНЕ го користи моментот за да ќари некој поен ако може, и за да не признае дека е во судир со комитите и ќосињата, тоа не им одговара како наратив во јавноста.

На СДСМ сега не му треба налутено ВМРО ДПМНЕ туку мирно и конструктивно, така да нема логика обвинувањето дека активисти на СДСМ стојат зад фарбањето.

Вечерва на најкукавички начин по принципот на Шарената револуција беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што не го поддржува штетниот договор потпишан од Заев, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

-Вечерва власта на Заев покажа на што се е подготвена за да успее во распродавањето на националните интереси. Нападот врз штабот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз секој еден МАКЕДОНЕЦ и член на ВМРО-ДПМНЕ! Ова нема да помине така и за ова ќе има одговор и жестока реакција согласно акцијата – вели Арсовски.