Ќе ја употреби ли Иванов армијата?

0
1208

Стана јасно дека Иванов со душа чекал да му се симне опасноста од негово разрешување, за да може сите негови глупости со аболицијата да ги претстави како мудри одлуки и кога ги донесувал и кога ги укинувал и да се престави дури како „спасител на нацијата“

Само неколку дена пред специјалното обраќање на Иванов до нацијата, некои новинари јавно прашуваа на шега: „Ќе има ли наскоро некоја ’калинкијада‘ – за да се слушне гласот на претседателот?“. И тој не ги разочара.

Човекот си порачал специјално обраќање пред јавноста, за да и’ соопшти на јавноста, пред се’, колку тој ги мрази оние што си дозволиле со денови во Собранието на Македонија да говорат за неговите злоупотреби на функцијата, и да потсети на сите смртни гревови на оние го покренале легитимното прашање за неговата одговорност.

Во неговиот познат стил на колнење, дека „оние што зло на некого му мислат зло ќе ги следи до седмо колено“ го почна својот говор како на митинг на ДПМНЕ со тврдењето дека оние што го покренале прашањето за неговата одговорност во Собранието (СДСМ) и оние што го оспоруваат неговиот легитимитет (ДУИ), биле истите оние што биле помилувани од претходни претседатели и за кои воопшто не било покренато прашањето за нивна одговорност (Заев). Тоа биле тие што не одговарале до сега за тоа што на земјава и’ наметнале привремено име кое се’ уште не’ фрустрирало (Глигоров). Тоа биле тие што не одговарале за промената на државното знаме, за промената на Уставот и за територијалната поделба на државата (сите пред тој да дојде на власт). И тоа биле тие од кои никој не одговарал за атентатот на еден претходен претседател (мисли на Глигоров) и за неразјаснетите околности што довеле до смртта на друг претседател (мисли на Борис Трајковски). А сето тоа наредните генерации ќе го запаметеле.

Од она што го говореше, со омраза и со гнев и пелтечење стана јасно дека Иванов со душа чекал да му се симне опасноста од негово разрешување, за да може сите негови глупости со аболицијата да ги претстави како мудри одлуки и кога ги донесувал и кога ги укинувал, да се претстави дури како „спасител на нацијата“, а во исто време да укаже на се’ уште големата опасност што е надвисната врз земјата од активностите на некакви невидливи центри на моќ од странство, од легалните активности на СДСМ и ДУИ, од „Шарената револуција“ и од неправдите што ги прави Специјалното јавно обвинителство.

Повикувајќи се на информации, кои само нему му биле достапни, тој за првпат не информираше дека во деновите пред тој да ја донесе одлука за аболирање на сите политичари против кои беа покренати обвиненија од страна на СЈО, но и Државното јавно обвинителство „Македонија била на чекор од насилен граѓански судир“, односно на чекор од граѓанска војна.

Во тој момент, за да го спречи најлошото, и да ја спаси земјата од братоубиствена војна, ни објасни Иванов, како претседател на државата и како врховен командант на армијата, имал на располагање, две можности.

Првата била, (замислете), да изврши воен удар во земјата, да и’ нареди на армијата да ги заземе институциите и да ја преземе сета власт во свои раце додека не се смири состојбата. Но, самиот оценил дека ако ја мобилизирал армијата за „смирување на состојбата во градовите“ ќе ја оставел незаштитена јужната граница и отворена за илегална миграција. Тогаш, милиони мигранти ќе тргнеле кон Европа, а Македонија ќе била преплавена од нив. Така , според Иванов, Македонија ја спасиле мигрантите од неговата одлука да ја употреби армијата за „смирување на состојбите“.

Целата колумна на проф.Ѓорѓи Спасов објавена во Утрински весник може да ја прочитате ОВДЕ