ЌЕ СКАПАТ ВО ЗАТВОР, НЕМА ДА ЈА ПОМИРИСААТ СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА : Сведок од обезбедувањето во собрание раскажа како видел дека Муковски и Василевски ги отвораат вратите од собрание, го спречиле да ги затвори!

0
1785

Во овие моменти за упадот во Собранието пред Кривичен сведочи Владимир Стојков, вработен во МВР кој на 27 април минатата година го обезбедувал претседателот, односно претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски и владините претставници.

Тој и Абдулфета Аљими, кој е обвинет во процесот, добиле наредба од Вељаноски никој да не пуштаат кај него во кабинетот. По наредба од началникот на собраниското обезбедување Александар Јанковски, биле распоредени на друга локација.

Во еден момент Стојков сведочеше дека ги забележал пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од собраниските порти.

-На моето прашање што правите? Мукоски одговори: “Тоа не е твоја работа”. Пратеникот Мукоски не ми дозволи да ја вратам гредата назад. Василевски ја тргна гредата на другата врата, рече сведокот Владимир Стојков во Кривичниот суд, давајќи одговор на обвинителката Вилма Рускоска што видел на 27 април во собранието.

Во овие моменти сведокот одговора на вкрстени прашањата поставувани од одбраната. По него, треба да сведочи актуелниот директорот на БЈБ Сашо Тасевски, кој тогаш му беше лично обезбедување на Оливер Спасовски.

Претходно, по шест часа заврши сведочењето на поранешниот министер, а сегашен заменик министер на МВР Агим Нухиу.

Одбраната му поставуваше прашања, бидејќи на листата на сведоци е предложен и од нивна страна, откако претходно се исцрпеја прашањата од обвинителката Вилма Рускоска и вкрстените прашања на одбраната.

Тогашниот министер во МВР од дома на телевизија го видел моментот во Собранието и веднаш му пишал СМС пораки на тогашниот директор на БЈБ и шеф на оперативниот штаб, Митко Чавков.

Првичните СМС одговори биле дека нема проблеми. За подоцна Чавков да не му одговора на телефонските повици. Во меѓувреме Нухиу од 18 часот разговарал со неколкумина инволвирани високи полициски службеници но одговорите биле дека ќе се преземе се под контрола.

Нухиу од дома во оперативниот штаб стасал во 19.25 часот, таму бил само дежурниот началник Душко Лазаров. Нухиу рече дека му давал наредби, а Лазаров излегувал од просторијата и обавувал телефонски разговори, но Нухиу не знаел со кого.

Шефот на оперативниот штаб не бил таму, пристигнал во 20.00 часот. Чавков, според зборовите на Нухиу, бил агресивен кон него и му рекол: Што мислиш ти што се случува, народ се случува.

Нухиу сведочеше дека Чавков по 20 часот почнал професионално да постапува.

Инаку, судењето во еден момент беше прекинато поради истиот здравствен проблем на Мунир Пепиќ, покачен крвен притисок, поради што беше повикана брза помош.

Игор Стефановски