ЌЕ СИ ДОБИЕТЕ ОТЧЕТ, Кумановчани наменија 300.000 денари за помош а владата за возврат им даде лупешки

0
1219

Лопатариве се претворија во потписници??? Чудно сите до еден многу пребледени во фаците, зошто ли е тоа???

makso1
А да, Клечовската клима е влажна, да токму така пред неполн месец имаше поплави тука, ги посетувавте граѓаните, им ветувавте помош, но најбитно се сликавте и снимавте во сто и една поза бидејќи тоа најдобро го знаете и за жал помошта повторно како и многупати досега ја нема…

Кумановчани наменија 300.000 денари за помош на поплавените региони во државава но за жал владата на нив не им додели ништо…
Денеска, потписници на цевки Грујо, Ставре и Миле сте требале да ги посетите повторно поплавените во Клечовскиот крај и да им побарате прочка, но за жал веќе ни Крива река не ве пере.

Цевката таму ќе стои со години, ќе ја префрлате од место до место исто така како што ја прередувате и пругата но ПОТПИСИТЕ најбитно ке ви останат, тие неможат да се избришат од штетните договори кои што ги испотпишавте сиве овие години притоа трошејќи на шминка а немајќи за гаќи… Опс, го заборавивте најбитното, па требаше до потписот на Ставре да ставите фуснота, а подолу Горде да ја допишете, таа е секогаш добредојдена во Кумановско, министерката обожава да се снима и бара секунда повеќе простор на медиумите…

Премногу трема, премногу нерасположение, премногу недоверба при стартување на еден ваков “грандиозен проект”, да знам целосно ве разбирам, и самите сте свесни дека некој друг ќе доврши се што отпочнавте и така и е, но без ОТЧЕТ нема да поминете… ГОТОВИ СТЕ !!!

Максим Димитриевски