ЌЕ СЕ УТВРДУВА ШТЕТАТА ВРЗ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА НАПРАВЕНА ОД ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

0
1336

Вешти лица од економска и хемиска струка, ќе ја утврдуваат штетата направена од Шарената Револуција, но кој ќе ја сноси одговорноста, револуционерите или надлежниот инспекторат задолжен за јавната чистота, сѐ уште не е јасно.

bane_izvestuvanje

Поради ваквото паушално известување, Адвокатот Жарко Стеваноски поднесе предлог за обезбедување на докази до Основниот суд во Прилеп, со кој бара судот со помош на вешто лице од хемиска и економска струка да ја утврдат реалната штета, како и други околности, што ќе послужат за реално и објективно утврдување на штетата која настана како последица на протестите на Шарената револуција.

Акцент во обезбедувањето докази се става на утврдување на фактот, дали стаклото поставено на општинската зграда одговара на спецификацијата од проектната документација, т.е да се утврди дали е тоа “стоп сол” стакло со емулзија за заштита од ув зраци, или е тоа фолија залепена на стаклената површина и дали доколку јавните служби навремено ја извршувале својата дејност, ќе настанела штетата или истата можела да се избегне.

Додека пак, вештото лице од економска струка, ќе ја утврдува реалната изгубена добивка на ЈП од паркинзи, од протестните маршеви кои дваесетина дена се случуваа низ главната прилепска сообраќајница.

resenie_za_obezbeduvanje_dokazi

Жарко Стеваноски – адвокат

Предложеното изведување на докази беше потребно, пред сѐ, за да се утврди реалната фактичка состојба, која сме убедени дека, ни од близу не кореспондира со известувањето на ЈП за ПУП Прилеп, а ќе се расчистат и други дилеми поврзани со изградбата на општинската зграда, ќе се елиминира основот за водење на кривична постапка против пријавените од страна на МВР и ќе се утврди постоењето на одговорност на директорот на јавното претпријатие за така даденото известување до Советот на Општина Прилеп, како и одговорност на ЈКП Комуналец Прилеп за нередовното вршење на својата дејност.

Aко локалната самоуправа беше експедитивна во одстранување на флеките на фасадата на општинската зграда, како што беше експедитивна во одстранување на написите „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“, од коловозот пред општинската зграда, тогаш за штета немаше да станува збор. Како и да е, обезбедувањето на предложените докази околу утврдување на реалната штета на учесниците во Шарената Револуција, истовремено ќе им послужи да ја покажат својата одговорност и придонес кон одржување на јавните објекти, на начин што на Локалната Самоуправа во вид на донација ќе и понудат чистење на општинската зграда и нејзино доведување во првобитна состојба.

Извор : 10без10