Њујорк Тајмс: Во Брисел ќе се преговара кој да ја води Македонија до изборите

0
935

njjt-540x237

Влијателниот Њујорк Тајмс во текст посветен на политичката криза во Македонија пишува дека во Брисел ќе се преговара кој да ја води Македонија до изборите.

Весникот ја цитира изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој, „го објавил планот за предвремените избори“ кој подразбира прочистување на избирачкиот список, и поправање на нерегуларностите.

Њујорк Тајмс наведува дека е отворено прашањето кој ќе ја води Македонија до изборите и дека тоа треба да се договори веќе следната недела во Брисел.

„Сепак, останува нејасно клучното прашање а тоа е кој ќе ја формира и води новата Влада на Република Македонија до периодот пред изборите. Премиерот Никола Груевски води засилувачки авторитарна влада, која веќе пет месеце е „во оган“ поради сандал со прислушување.(…)  Од февруари, Заев објави извадоци од, како што рече, повеќе од 670.000 телефонски разговори на инволвирани 20.000 телефонски броеви, прислушкувани од страна на Владата. Во рамки на разговорите на членови на владата се зборуваше за, местење на изборите, купување на судии, прикривање на убиства – пишува Њујорк Тајмс.