Љупчо Николовски: Доаѓа време на капацитетна, чесна, одговорна и праведна власт и институции

0
1252

Почитувани,

На крајот на мандатот како дополнителен заменик министер сакам искрено да се заблагодарам на мојот тим, советниците и соработниците. Благодарност до сите за посветеноста и пожртвуваноста, за непреспиените ноќи, за вашиот влог и ентузијазам.
Промовиравме поинаков концепт на работа, повисоки стандарди и нови вредности но и покажавме дека со бескомпромисност, искреност, одговорност, неселективен и целосно професионален пристап, како и со силата исклучително на фактите и аргументите можеме да се избориме за вистината и да предизвикаме крупни промени.

Имавме огромен предизвик и сметам дека ја оправдавме довербата за нашиот ангажман. Работевме единствено во интерес на секој човек, граѓанин и земјоделец. Се водевме така како што пишува во законот. Фокусирани бевме на нашата законска контролна улога, обелоденивме стотици потврдени случаи на незаконско работење, на злоупотреби на ресурси во сите сектори на министерството и манипулации со земјоделците особено поврзани со нивното право на глас, покренавме десетици кривични постапки со цврсти докази и документи, но и се подготвувавме длабински за креирање на стратешки, долгорочни и вистински земјоделски политики.

Остваривме стотици средби на терен но примивме и разговаравме со уште повеќе земјоделци за нивните проблеми и притисоци но и идеи за тоа како може ова гранка да биде стожер на нашата економија.

Исто така, сакам од срце да се заблагодарам за стручната поддршката и соработката од страна на Комисијата за земјоделство во СДСМ како и пошироко на професорите, новинарите, земјоделците и сите граѓани.

Благодарност до вработените во миистерството и неговите органи во состав, агенции и други тела.

Оваа 2016 година огромно мнозинство граѓани избраа сеопфатни промени, заедништво и живот.

Доаѓа време на капацитетна, чесна, одговорна и праведна власт и институции.

Тоа е обврската пред секој граѓанин. И ќе ја исполниме до крај.

Македонија ќе биде квалитетно место за живеење на сите граѓани!

Љупчо Николовски