Љубчо Георгиевски: Вистински македонски патриот не навива за „Шкендија“ туку за Ѕвезда, Партизан, Цеца, Аца Лукас…

0
1454

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски преку својата Фејсбук страница реагираше на критиките од провладините медиуми за присуството на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на натпреварот Шкендија-Гент.

„По присуството на Заев на фудбалскиот натпревар на Шкендија патриотите му одржаа добра лекција на предавникот. Инаку, да си вистински македонски патриот треба да навиваш за Ѕвезда, Партизан, Цеца, Аца Лукас и да си промотор на шабанарската музика“, напиша Георгиевски на Фејсбук.