ЈУРОВА ГИ ЧКОПЕ ВМРОВЦИТЕ : Не смее да има никаков вид на амнестија или помилување на криминалот

0
1156

-Сакаме да има многу добар Закон за јавно обвинителство и многу добар систем што ќе работи во интерес на граѓаните, а тоа значи – кога некој ќе направи криминал, тој мора да биде казнет. Затоа очекуваме Северна Македонија да продолжи со истрагите, не смее да има никаков вид на амнестија или помилување на криминалот, вели еврокомесарката за правда Вера Јурова за емисијата Агенда 35 на МТВ.

Јурова вчера и денеска учествува на  Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан во Скопје. Во нејзиното излагање вчера таа рече дека ЕК е цврсто уверена дека и Албанија и Северна Македонија остварија доволен напредок што го оправдува отворањето на преговорите за членство, меѓутоа постои значителен делокруг во кој би можело да се подобри владеењето на правото во сите земји на Западниот Балкан.

-Сакаме да видиме секторот правосудство да биде пополнет со професионалци кои ќе уживаат доверба, за кои нема да има сомнежи околу нивниот интегритет и нивната професионалност, па процесот на ветинг може да е еден од инструментите што тоа може да го гарантира, рече еврокомесарката и изрази уверување дека земјата ќе најде свој начин да гарантира правосудство кое ќе ужива доверба кај граѓаните.

И министерката за правда Рената Дескоска, вчера, одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е законот за ЈО рече дека ако нема согласност за квалитетен закон за јавно обвинителство, подобро е да не се носи.

– Со оглед на тоа што веќе е обезбеден трансферот на предметите на СЈО беспредметно е носење на закон за јавно обвинителство којшто би бил со полош квалитет од постојниот, така што тоа го разговаравме и на денешната средба со комесарката Јурова разговаравме за таа тема, и ги објаснив аргументите, изјави Дескоска на маргините на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ.