ЈОЦИ ТОТАЛНО ОДЛЕПИ: Почна да оди по дома на видни членови на СДСМ и да прави инциденти!

0
6373

Инаку денес првпат ми се случи да ме чека некое лице пред зграда кај мојата кола.

Госпоѓата Јорданка Ивановска ме чекаше пред моето возило и почна да се заканува дека знаела каде живеам и која ми е колата и дека ќе ми ги загорчела животот. Сето ова ми го кажуваше лице во лице, од голема близина.

Кога виде дека не реагирам, почна да ми се заканува дека ќе ми се вратала со „два-тројца мажи што ќе ме решеле“.

Во тие моменти јас и не знаев која е жената, оти првпат во живот ја гледав. Кога ја прашав која е и зошто го прави тоа, извади телефон и почна да ме снима.

Потоа и 2 минути ми ја блокираше колата со нејзината, не давајќи ми да излезам од паркираното место.

Претпоставувам дека намерата и беше да ме испровоцира да изреагирам физички, или пак со закани или со викање или со пцовки, како она што ме пцуеше… Но, не и успеа.

Сепак, се осетив загрозен после сите тие закани, бидејќи ми се десија пред мојата зграда. Сега е пријавена на надлежните органи кои што понатаму се надевам дека ќе постапат правилно и дека вакви заканувачки моменти кон мене и моето семејство нема да се повторат.

Среќа што моите деца не беа со мене. Сакам да веруваат дека живеат во нормален свет, бар на оваа возраст.

Фејсбук статус на Дејан Гацов