Јовче Ременски : Деградиран за дури седум скалила во МВР!

0
5923

Јовче Ременски сопругот на досегашната Министерка во МТСП Фросина со потпишано решение од новиот Министер во МВР Митко Чавков е деградиран за седум скалила во МВР. Ременски беше обвинуван од тв Сител и од ВМРО ДПМНЕ во кое предничеше Даниела Рангелова дека поранешниот Министер Оливер Спасовски незаконски го назначил на работно место за 4 скалила повисоко од тогашното, ама сега со овој чекор кој кому се одмаздува?

Ременски професионално во Полицијата е веќе 21 година, бил дел од полициските сили во Република Македонија и тоа на различни позиции.