Јовановиќ: Го прифатив новото име заради мојот син, заради неговата генерација и заради генерациите кои доаѓаат, фала му на Заев за храброста и визионерството!

0
1054

Името на мојата земја е Република Северна Македонија. Со тоа име ќе влеземе во НАТО, со тоа име ќе преговараме за влез во Европа. Тоа име докажува дека мојата земја комшиите ќе ги гледа како сујзници, а не како непријатели. Во јавна комуникација, името на мојата земја официјално и формално-правно е променето.

Може да се пенавите следниве 100 години, ама тоа нема да промени ништо. Јас ја прифаќам реалноста, го прифаќам договорот од Преспа како нужност и политичка реалност. Тоа не е реалност на Заев, тоа политичка реалност на генерациите кои треба да се родат и кои треба да живеат во мир. Го прифатив новото име заради мојот син, заради неговата генерација и заради генерациите кои доаѓаат.

Ако пак адресирате дека името Република Северна Македонија е само за надвор, а вие тука, овде, дома ќе си го викате јавно и приватно како ќе ви се ќефне, тогаш вие провоцирате намерно, продолжувате да делите народ и граѓани, јасно се одредувате дека сте дел од националистите и десничарите кои ја опљачкаа и растурија оваа земја баш заради тоа име и заради таа тема.

И со мене, не сакам да разговарате. Оти тоа што го претставувате, за тоа што се залагате, не сум јас. Темата за името на мојата земја ја растури оваа земја од 90-тите до денес. И во тие свинштини јас нема да учествувам.

Му благодарам на Зоран Заев што е паметен и што го препозна контекстот. Му благодарам што беше и е поголем визионер од сите досегашни влади во оваа земја. Му благодарам што повеќе името како тема нема да биде параван за злосторство, пљачка и поделби меѓу луѓето.

Ако сакате да го урнете Заев, најдете си друга тема. Досадната приказна со името не е повеќе тема во мојата земја. И баста!

Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ.