Јанкуловска возбудена и нервозна : Магаре нека стаи, ама Фросина Ременски да не е…

0
1383

gordekiril-600x400

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

КБ: Ало
ГЈ: Шо праиш бе секретаре?
КБ: Добро бе, еве накај Владо идам, ти?
ГЈ: А, јас на работа па нешто да ти кажам се изнервирав, ти пуштив и порака…
КБ: Кој те нервира кажи сеа
ГЈ: Абе ти пишав не знам дали ја виде
КБ: Не, не
ГЈ: …на факултет за безбедност ја избрале за продекан онаа Фросина Ташевска Ременски, таа е член на Совет, не знам за политички односи на СДСМ. Најголем критичар на Владата, на МВР посебно..
КБ: За што ја избрале?
ГЈ: За проректор, продекан. Ама битна позиција е тоа
КБ: Тоа ги бира во самиот факултет така
ГЈ: Да да ама на Жоглев му реков некни, викам не е наша таа..
КБ: А чекај Жоглев е тоа?
ГЈ: Не, види Жоглев е ректор и сеа ректорот треба да ги менаџира тие состојби знаеш..
КБ: Не, одма ќе му се јавам да ја корегира работава…
ГЈ: Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму… значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание….
КБ: Ццц, пред два дена беше кај мене го пеглав за истава работа да знаеш
ГЈ: Беше кај мене претходно и меѓу другото ми вика Кире ме викна ова, викам тоа терај си, те молам внимавај за ова да не ја утнеме работава комуњаркава да не ни влезе таму, пошо друга е таа позиција со студенти има работа, еее знаеш која е таа, шо ги организира протестиве на криминалистиве пред Влада, шо дава изјави
КБ: Аахаа
ГЈ: Таа е таа една со долга коса со репче… месец дена се расправам со неа у Собрание, пошо комуњариве као експерт ја викаат на собраниски комисии, мислам ми пукна филмот, магаре нека стаи ама она да не е…