ЈАНКО БАЧЕВ СО 50 КУРСИСТИ ПО РУСКА ОБУКА ЗА ШУПЦИ И ШУШУМИГИ ЌЕ ГИ РУШИ ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ И ЌЕ ЈА СПАСИ МАЌЕДОЊА ОД ЕУ И НАТО И КОНЕЧНО ЌЕ ЈА СПОЈАТ СО МАЈКА РУСИЈА И БРАТОТ ПУТИН!!!

1
1227

Единствена Македонија го споделува задоволството со народот од успешно завршената прва школа за обука на кадри за потребите на новата легална власт на Единствена Македонија.

Тридневната теоретска и практична обука под менторство на професорот Леонид Савин од Русија беше спроведена за 50 посетители утврдени според строги критериуми согласно задачите што ќе произлезат од новата власт на Единствена Македонија.

Школата на Единствена Македонија за обука на кадри ќе функционира позасилено и во иднина, со цел обука на доволно кадри за големите потреби на органите на државната власт земајќи предвид дека не чека тешка работа бидејќи државата е уништена на политички, безбедносен, економски и социјален план.

Република Македонија е држава во која се оди на полошо. По преземањето на власта мора заедно со народот да расчистиме со националните предавници и да ја направиме долгоочекуваната конфискација на украденото во криминалната и посткриминалната приватизација во кои се украдени повеќе од 10 милијарди евра во изминатите 27 години. Сето тоа ќе се спроведе според законите што ќе произлезат од новиот македонски устав.

Единствена Македонија е уверена дека народот е спремен да го направи оној чекор што не го направи во изминатите 27 години. Во следниот период Единствена Македонија ќе ги победи погубните политики на партијата „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Подготвени сме за преземање на власта.