ЈАНКО БАЧЕВ ПРОДОЛЖУВА СО СТРАХОТНИТЕ СООПШТЕНИЈА ДО ЗОРАН ЗАЕВ : ПРЕМИЕРОТ МЕСТИ АНКЕТИ ЗА ДА СЕ СПАСИ ОД МЕНЕ, НО ЈАС И ФРОНТОТ НА ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА ЌЕ ГО ПОБЕДИМЕ СДСМ, ВМРО ДПМНЕ И РЕФЕРЕНДУМОТ, ЗА МАЌЕДОЊА!!!

0
1435

Соопштение – Единствена Македонија: Нарачаните лажни анкети на Кржаловски од МЦМС и Кировски од Телма нема да ги спасат нивните ментори

Нарачаните лажни анкети кои речиси секој месец ги објавува Александара Кржаловски од Меѓународниот центар за меѓународна соработка а ги промовира главниот уредник Атанас Кировски од владината телевизија Телма, само го докажува огромниот страв на странскиот центар кој 27 години ја управува Македонија од разбивање на неговото менторско влијание во внатрешните работи на Република Македонија.

Цената на една телефонска анкета е 5.000 евра, а на теренска 10.000 евра, а најголем дел од анкетите на МЦМС се теренски кои бараат значајни финансиски средства.

За почеток, го прашуваме Кржаловски од МЦМС од каде се парите за правење на скапи анкети речиси секој месец и кој е интересот на Кировски од владината Телма за промовирање на анкети со измислени рејтинзи за партиите.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат промена на името и масовно ќе го бојкотираат референдумот, набргу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпат пораз за нивната криминална, расипничка и деструктивна политика во изминатите 27 години, а најголем дел од народот прифаќа расчистување со националните предавници и конфискација на украдените околу 15 милијарди евра во изминатите 27 години, што ќе го спроведе Единствена Македонија и ниту една лажна анкета нема да го смени тој факт.

                                                                                                                                       Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија