ЈАНКО БАЧЕВ ПЛАЧЕЛ НА ДЕНОТ НА ПОТПИШУВАЊЕТО НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, ЈА СЛУШАЛ РУСКАТА ХИМНА ПУШТЕНА НА РИПИТ НА МАКСИМУМ

0
1081

Вчерашниот ден во Брисел беше тажен и тежок за Македонија, изјави претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, по повод потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО

„Вчера во Брисел беше тежок и тажен ден за Македонија со потпишување на Пристапниот Протокол со геноцидната организација НАТО во обидот за бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, изјави Бачев.

Тој го нарече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, „бугараш“ и „шпион на ЦИА“ кој во име на оваа генерација потпишал бришење на македонската нација.

Додаде дека очекува победа на Единствена Македонија заедно со народната коалиција „Македонија блокира“ на претстојните претседателски избори и на парламентарните избори кога и да се одржат и ќе го искористи своето право да го поништи договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право.

„Јавноста треба да знае дека на крајот конечната одлука за членство во НАТО треба да ја донесе македонскиот народ и граѓаните или преку Собранието или на референдум по околу една година кога се очекува да заврши ратификацијата на протоколот од сите 29 членки на НАТО“, вели Бачев.