ЈАНКО БАЧЕВ ЛУТ НА ЗАЕВ : МА КАКВИ НАТО И ЕВРОПСКА УНИЈА, ПУТИН И СТРАТЕШКИ СОЈУЗ СО РУСИЈА МУ Е МАЈКАТА!

0
1766

Единствена Македонија и македонскиот народ се наполно свесни дека Зоран Заев е во очајнички обид за распродажба на се што е македонско, меѓутоа, сепак, од човечки аспект сакаме најдобронамерно да му сугерираме на Заев да престане да се бламира, прво, како човек, и второ, да ја бламира државата на отворена сцена и веднаш да ги прекине средбите со грчкот премиер за името и идентитетот на македонскиот народ.

Ова од причина што Заев не е никаков фактор на преговарачката маса, а Грците цело време го вртат „Као киша око Крагујевца„ свесни за фактот дека умствениот капацитет на Заев не може да ја разбере простата вистина дека Македонија ниту ќе стане членка на НАТО во јули, ниту ќе му се дозволи на Заев промена на името.

Единствена Македонија во неколку наврати го реафиримираше во јавноста повикот до народот да остане спокоен, биејќи Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена, меѓутоа, Заев се уште не може да го разбере ова и продолжува да се бламира самиот како човек и државата.

Како и да е, марионетската власт на Заев во Скопје е најмалку битна во целата игра. Најбитно за македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Макеоднија е тоа што процесите кои ги започна Единствена Македонија, храбро, решително и во интерес на народот за стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската унија, се навестуваат. Тие доаѓаат!