ЈАНКО БАЧЕВ ИМА СЕРИОЗНО ПРАШАЊЕ ДО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ, ДАЛИ ЌЕ МУ ГИ КОНФИСКУВААТ 5-ТЕ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ПАРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДА ЗНАЕ ДАЛИ И ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА ДОКОЛКУ НЕКАД ДОЈДЕ НА ВЛАСТ МОЖЕ ДА КРАДИ!

0
1490

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во изминатите две години ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавка на мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, за шамари во општина Центар, за изборни измами, прислушкување, поништување изборен материјал, укинување на пратеничката плата и одземање на мандатот на Груевски, за поврат на смешни износи од ДДВ, за поставување на бројчаник кој остана гол украс, за некаква метла на функционери а излезе обично метличе кое остави се под тепих… меѓутоа, сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра.

Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеш: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар.

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.

Заев како премиер молчи и трупаше големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата. Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија