Јакимовски е минато исто како Груевски!

0
1154

Соопштение на СДСМ

И Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски.

На парламентарните избори граѓаните на Карпош кажаа што мислат за работата на Јакимовски и на ВМРО-ДПМНЕ и го казнија нивното криминално владеење и во општината што ја уништија.

Граѓаните не сакаат тендер политичари. Не сакаат некој како Јакимовски да продолжи да прави масакр на зеленилата во општина Карпош и да гради непотребни објекти за лично богатање и коалициски бизниси. Додека нивното здравје се нарушува поради огромното загадување на воздухот.

Граѓаните избраа промени, сакаат нови одговорни политичари и квалитетен живот.

Македонија ќе добие нова Влада на граѓаните и ќе добие чесни и посветени градоначалници кои ќе работат во интерес на граѓните.

Никогаш повеќе да не се повторат политички профитери како Стевчо Јакимовски и неговиот партнер Никола Груевски.