ЈАВНОСТА ВРИЕ ОД БЕС, ОВА СЕ ТЕШКИ ПСИХОПАТИ: Братот и сестрата Шулевски стојат зад фондацијата ,,Допир,, со која ги измамија донаторите!

0
2618

Анета Шулевска на ФБ им се заблагодарувала на донаторите

Двајцата заработија кривични пријави, а тие не се непознати за скопската јавност. Нивните соученици од гимназија кои ги познаваат, велат дека ова не е првпат братот да се соочува со законот. Кажуваат дека отсекогаш живеел на висока нога, а едно од неговите деца студира во странство.

Во меѓувреме полека згаснуваат страниците на ,,Допир“ на социјалните мрежи.

Преку оваа фондација се проневери донации во износ од најмалку 50.000 евра.

Како што веќе информиравме, секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против  М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.

Имено, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна https://bidihumansega.mk/ која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната https://bidihumansega.mk/ е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб странатаhttps://bidihumansega.mk/ собрани биле 3.531.199 денари.

По направената анализа на банкарските сметки констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби. На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што беа пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати, соопшти МВР.