Ѕид на срамот: Тонат се’ подлабоко! До каде сте спремни да се понижите во одбрана на неодбранливото?

0
2191

Тонат се’ подлабоко! До каде сте спремни да се понижите во одбрана на неодбранливото? Со бегството Кочан само потврди дека одлуката за притвор е исправна. И покрај тоа Зврлевски се осмели да се замеша, иако за тоа според законот за СЈО, нема никаква надлежност. Сега ќе се понижува и Врховниот суд? Знаете ли зошто законодавецот одлучил Зврлевски да не смее да се меша во работата и предметите на СЈО? Па токму за да спречи вакви излети! Кога кривосудството ќе правосудство, ќе треба во судовите и обвинителството да има ѕид на срамот – со слики и име и презиме – за да знаат судиите и обвинителите како не треба.

Од Законот:

“Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител без негова/нејзина писмена согласност.”

Фејсбук статус на Никола Димитров