Верувам дека отварањето преговори со Северна Македонија, а не и со Албанија ќе беше многу лошо за регионот, мислам дека тоа би било смртоносна политичка грешка, рече Макрон. (Фото: ЕУ)
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во наредните месеци ќе дојде во Скопје и во Тирана. Тој на денешната прес-конференција по Самитот на ЕУ во Брисел рече дека верува оти дека отварањето преговори со Македонија, а не и со Албанија би било многу лошо за регионот, и дека тоа би било смртоносна политичка грешка. Укажа и дека неговото вето за Северна Македонија и Албанија не се должи на каприц, туку на различна визија за иднината на Европа.
Насловот е превземен од порталот Мактел.Мк