Ѓорѓи Спасов: Зошто Груевски не каже кои се странските служби, која им е целта, кој тоа сака преку Заев да ни го промени името?

0
1346

gjorgji-spasov

Лицето Зоран Заев одработува агенда која не ја разбира – рече денес Груевски. Ако Груевски ја разбира таа агенда тогаш зошто не ја објасни и не каже кои странски служби стојат зад неа, која им е целта, кој тоа сака преку Заев да ни го промени името? Или сето тоа е дел од неговите теории на заговор против Македонија кои се дел од неговата тоталитарна пропаганда за соработката на внатрешниот непријател со надворешните непријатели. Нели рече дека тој веќе не е Македонче туку бил Македонец и не се плаши да ни каже кои се непријателите на Македонија. Се што имал, вели Груевски тоа е Македонија. Па малку ли му е?

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус