Ѓорги Спасов : Има основа за Јанкуловска да биде кривично гонета!

0
1112

Откако по седмата прес конференција на Заев стана јасно дека Јанкуловска директно овозможила да им бидат издадени лични карти на граѓани од Пустец, со кои тие ќе гласаат на изборите во Скопје и во други места, Зврлевски има должност да покрене обвинителен акт против неа и да побара одземање на нејзиниот имунитет.

spasov

Таа знаела, овозможила или барем не спречила на тие „човечиња„ со патент на устата, да им бидат издавани лични карти на кои ќе им биде впишано место на живеење Скопје само со цел, со своите гласови да ја го проеменат изборниот резултат во корист на нејзината партија. Тоа е кривич но дело по неколку основи.

За почеток Зврлевски би можел да ги препрочита следниве членови од Кривичниот законик на Македонија.

Прво.членот 247 кој се однесува на Измама. Тој член гласи. „Тој што со намера за себе(Јанкуловска) или за друг (ВМРО ДПМНЕ)да прибави противправна имотна корист(победа на избори), ќе доведе некого во заблуда (ДИК) со лажно прикажување факти (подметнување лажни документи и адреси на гласачи од Пустец), или ќе го држи во заблуда (дека тие од Пустец, имаат место на живеење само во општината Центар), и со тоа ќе го наведе (граѓаните од Пустец) да стори нешто на штета на туѓ имот (граѓаните на Република Македонија) ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Второ. членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на Злоупотреба на службента положба и овластувања стои: „Службено лице (Гордана Јанкуловска) кое со искористување на својата службена положба или овластување (издавање лични карти на граѓани со лажни адреси), или со неизвршување на својата службена должност (непостапување по пријави за издадени лични карти на лица со лажни адреси) ќе прибави за себе (министерска функција) или за друг (власт за ВМРо ДПМНЕ) некаква корист, или на друг (на опозицијата) ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години“.

И трето. Во членот 353в кој се однесува на Несовесно работење во службата стои: „Службено лице или одговорно лице во јавна установа (Гордана Јанкуловска) кое со повреда на законските прописи (издавање лични карти на лажни адреси), или на друг начин со несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности ( игнорирање на барањата да бидат отстранети од евиденцијата на МВР гласачите од Пустец) и со тоа ќе прибави за себе (министерска позиција) или за друг (ВМРО ДПМНЕ – власт) некаква корист, или на друг (на опозицијата) ќе и нанесе штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“.

 

фејсбук статус на Ѓорги Спасов