ШТО СЕ СЛУЧУВА СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ?! Најпрво жртва четири годишно дете а сега од кучиња нападната и жена во струшко Велгошти

0
1477

Пред два дена во селото Велгошти жена била нападната од неколку кучиња во раните утрински часови кога се движела пеш, објави Охрид њуз.

Kучињата се појавиле од двор на куќа покрај патот каде биле чувани без надзор. Ја собориле жената, и и нанеле гребаници по телото, а била искината и нејзината облека, информираат од СВР Охрид.