ШТОМ ИЛЧЕ ГЕБЕЛС во колумна во Дневник му дели ПАМЕТ на Груевски веќе да не се задолжуваме за да не сме ја стигнале Грција ЗНАЧИ ГРУЕВСКИ ОФИЦИЈАЛНО Е ПОТОНАТ ВО КАЛТА!

0
1223

Во колумна во Дневник насловена Поуките од Грција, заменик шефот за пропаганда на ДПМНЕ, Илче Гебелс по системот ти кажувам ќерко сети се снао, му дели совети на Грујо веќе да не сме е задолжувале затоа што ќе сме ја стасале Грција:

ilija-dimovski-sobranie

Четврто, одржливоста на македонскиот долг према надвор мора да ги има размерите во кои се одржува повеќе години. Македонија е една од петте најмалку задолжени европски држави и е добро да остане така на долг рок се до оној момент додека не сме сигурни дека имаме економски потенцијал кој што лесно може да сервисира и поголеми задолжувања.

Без намера да ги амнестирам претходните влади во Грција кои ја предизвикале оваа хаотична состојба, мора да потенцирам дека секој обид за популистички анализи и објаснувања дека потезите на денешната грчка влада се на линија на демократијата се осудени на потсмев. Во овој свет нема бесплатен ручек и сметката кога тогаш ќе дојде за наплата. Маргарет Тачер своевремено кажала мудра мисла, дека социјалистичките влади секогаш успеваат да ги потрошат туѓите пари и да ги остават во долгови своите држави. Треба да го имаме на ум тоа и да не ги правиме грешките кои некои други пред нас ги направиле. Да учиме, но не на свој грб.

Илија Димовски за Дневник