Штипјани во „Карма кафе“ ќе донираат за казнетите членови на #ШаренаРеволуција

0
1257

Кутија за донации денеска ќе биде поставена во кафулето „Карма кафе“ во центарот на Штип, каде граѓаните ќе може да дадат свој прилог за плаќање на паричните казни од вкупно 1.300 евра, што им беа одредени на учесници во „Шарената револуција“ во градот.

На социјалните мрежи е објавен повик да им се помогне на тројцата демонстранти од „Шарената револуција“ кои минатата недела по информативниот разговор во полициска станица добија прекршочни казни поради боење на улиците и на тротоарите во Штип.

– Казнети се за уништување јавни објекти со боење. Боеле? Па што и ако боеле, така само го разбија сивилото во градот. Зарем уништија јавен објект? Обоена е жардињера, на место каде што е предвидена фонтана! Еве каде е криминалот! Затоа сега да застанеме зад Горан, Трајче и Борче, бидејќи тие стојат храбро на страната на правдата. Да не дозволиме сами да плаќаат некакви казни затоа што биле најхрабри и го изразиле незадоволството на сите граѓани на Штип. Да им покажеме дека не се сами!“, пишува во повикот за донирање.

Донаторската акција ќе трае три дена.

Извор: Мета