ШОУ НА ВЛАТЧЕ ЃОРЧЕВ: Од Заев ме боли џигерот, за 7 дена посетив 70 општински комитети, колата ми чури!

0
1410

Влатче: Абе дај изгасете ова вентилацијата…

Јанушев: Абе Влаткол, не е вентилација, греење е, гледаш дека измрзнавме..

Влатче: Аха добро. Поздрав до идниот премиер, Мицковскиииии!!!

Џигерот ме боли од Заев. За 7 дена сум посетил 70 општински комитети! Ова ми е личен рекорд!

Ова табливе што ги мењаат, старите да не ги фрлаат, да ги донесат во ВМРО ДПМНЕ ќе ги чуваме во подрум, пак ќе ги вратиме!

Американците ми ветија дека нема да дозволат полнење на кутии!

Ако станам претседател, кај Трамп ќе бидам примен одма, жена ми е Американка, тоа не е заебанција!

Израснав у партија, влегов во неа во пелени, на дубало, а еве сега прецедник ќе станам.

Благодарение на партијата и факултет завршив и се оженив, човек станав, дури и косата ја ишишав!

Извор : Мактел.Мк