ШОК ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КАЗИНАТА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ : По Албанија и Косово ги затвора кладилниците, ќе го следи ли Македонија истиот пример?

0
2648

Обложувалниците во Косово наскоро би требало да бидат затворени. Ова затворање го побараа членовите на општинскиот совет на Косово. Вонредното заседавање следуваше по две убиства кои се случија во последните седум денови во косовските обложувалници.

Оваа одлука наиде и на поддршка од страна на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој изјави дека нема да дозволи обложувалниците да станат место на криминал и убиства.

Конкретни чекори од вчера презеде косовската полиција, во 33 градови во Косово. Во акцијата учествуваа повеќе од 1000 полициски службеници, даночни службеници и службени лица од царината на Косово.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, преку социјалните мрежи објави дел од нацрт законот со кој се забрануваат обложувалниците и додава дека тој ќе биде усвоен на следната седница на Владата на Косово.

Извор : ТВ21